Почитувани потрошувачи, ве известуваме дека од 10.05.2024 бесплатна достава следува за нарачки со износ поголем од 1500мкд. Ви благодариме за довербата! 💚

SMART ORGANIC / ОРГАНСКА БЕЛА КИНОА - 300 ГР.

175 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 3800225478267

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 1500 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Киноа
  • Сертификати - European Union Organic Certification
  • Брендови - Smart Organic
  • Наменето за - Главен оброк , Појадок

Киноата е една од најхранливите растителни намирници, која е:

- Без глутен

- Богата со протеини

- Богата со растителни влакна

- Богата со минерали и антиоксиданси

- Вкусна и лесна за подготовка

- Органски производ


Нето тежина: 300 гр.


Киноата е семе без глутен, богатa со протеини и еднa од ретките растителни намирници кое содржи доволна количина од сите девет есенцијални амино киселини. Исто така, има многу повеќе растителни влакна од повеќето житарици. Киноата содржи големи количини на флавоноиди, вклучувајќи кверцетин и кемпферол. Овие се моќни растителни антиоксиданси со бројни здравствени придобивки.

Киноата е богата со растителни влакна, минерали, антиоксиданси и протеини, што ја прави да биде една од најздравите и најхранливи намирници на планетата. Го подобрува нивото на шеќер и холестерол во крвта и може да помогне во намалување на тежината.


Од сите видови на киноа, белото киноа има најделикатен вкус и најлесна текстура и при готвењето станува помека за разлика од останатите видови на киноа.


Начин на употреба: Ставете 2 шолји вода и 1 шолја киноа во сад и оставете содржината да зоврие. Намалете ја топлината и динстајте околу 15 до 20 минути или додека зрната од киноа не ја апсорбираат целата вода. Кога киноата е правилно зготвена, можете да видите мали свиткани „опашки“ кои излегуваат од семките. Зготвената киноа можете да ја користите како основа при утрински појадок, во вкусна салата или како додаток на вашиот оброк. 


Состав: киноа*.

*органски сертифицирана состојка


Складирање: Да се ​​чува на ладно и суво место.


Потекло: Перу.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1551 kJ/368 kcal

Масти: 6,1 g

од кои заситени: 0,7 g

Јаглехидрати: 61 g

од кои шеќери: 2,5 g

Растителни влакна: 7,0 g

Протеини: 14 g

Сол: 0,01 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре